16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„AB InBev“ ги надмина очекувањата за заработка за 2021-ва

„AB InBev“ ги надмина очекувањата за заработка за 2021-ва

Најголемата светска пиварница, „Anheuser-Busch InBev“, предвиде во четвртокот дека нејзиниот профит ќе се зголеми во 2022-ва година во согласност со среднорочниот опсег на раст откако ќе заврши 2021-ва година со посилни од очекуваните резултати.

Производителот на „Budweiser“, „Corona“ и „Stella Artois“ соопшти дека добивката пред камати, даноци, оштетување и амортизација (EBITDA) ќе се зголеми меѓу 4 и 8% во оваа година, а приходите ќе пораснат уште повеќе.

Компанијата со седиште во Белгија, која има особено големо присуство во Америка, рече дека резултатите ќе се засноваат на комбинација од повисоки количини и цени, истакнувајќи дека прогнозата ја одразува нејзината моментална позиција за пандемијата со Ковид-19.

За разлика од неговите конкуренти „Heineken“ и „Carlsberg“, кои предупредија дека инфлацијата може да ја ограничи потрошувачката на пиво, изгледите на „AB InBev“ не ја спомнуваат глобалната инфлација или зголемените трошоци за суровини.

Пиварницата забележа раст на „EBITDA“ од 5% во четвртиот квартал на годишна основа до 4,88 милијарди долари откако продаде повеќе пиво по повисоки цени. Ова е над просечната прогноза од 4% во студијата подготвена од компанијата.

За 2021-ва година, вкупната „EBITDA“ се зголеми за 11,8%, што е на врвот од претходните прогнози на компанијата за раст од 10-12%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП