25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ мора да купи повеќе обврзници барем до крајот на 2022-ра

ЕЦБ мора да купи повеќе обврзници барем до крајот на 2022-ра

Европската централна банка (ЕЦБ) мора да ја продолжи својата програма за купување обврзници барем до крајот на годината и да ја остави отворена за да ги ублажи ефектите од конфликтот во Украина. Ова мислење го изрази членот на Управниот совет на ЕЦБ и гувернер на грчката централна банка Јанис Стурнарас.

Тој беше првиот претставник на ЕЦБ кој коментираше за тоа како развојот на настаните во Украина може да влијае на плановите на европскиот регулатор да го суспендира купувањето на средства и да ги зголеми каматните стапки за да ја спречи високата инфлација.

Според Стурнарас, банката треба да го елиминира намалувањето на каматите како идеја, но и да си даде поголема слобода да ги зголеми каматните стапки.

Инвеститорите очекуваат централната банка на следниот состанок на 10-ти март да го објави планот за ставање крај на старата програма за купување средства на „АРР“, што ќе овозможи зголемување на каматните стапки до крајот на годината.

Според Стурнарас, економските изгледи сега се „многу понеизвесни“.

„Ако ја погледнеме ситуацијата денеска, би поддржал продолжување на програмата „АРР“ барем до крајот на годината, по септември, наместо до крајот пред тоа“, рече банкарот.

Тој рече дека нема да поддржи објавување на прекин на програмата во март.

Европа се потпира на Русија за речиси 40% од нејзините испораки на природен гас. Според Стурнарас, ситуацијата во Украина ќе го потисне растот на цените „на среден до долг рок“ откако прво ќе ги зголеми.

„Мислам дека ќе има краткорочен инфлаторен ефект – цените ќе растат поради повисоките цени на енергенсите“, изјави гувернерот на грчката централна банка.

Во декември, ЕЦБ соопшти дека програмата „АРР“ ќе продолжи да трае најмалку до октомври и ќе заврши непосредно пред зголемувањето на каматните стапки.

Претходно истиот ден, пред рускиот претседател Владимир Путин да нареди воена операција во Украина, гувернерот на Централната банка на Ирска, исто така член на одборот на ЕЦБ, Габриел Меклоф, рече дека ситуацијата во Украина веројатно нема да ја спречи ЕЦБ да се договори до побрзо прекинување на купувањата, пишува „Bloomberg“. Сепак, според банкарот, изгледите за зголемување на каматите се веќе нејасни.

„Прерано е да се процени каков ефект ќе има овој конфликт врз економијата“, рече Меклаф.

„Сосема е можно во март да одлучиме што ќе се случи со програмата за купување средства“, додаде претставникот на ЕЦБ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП