Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои одлуката со која, конечно, ќе се реализира и ќе почне со изградба забавниот парк.
Град Скопје набргу ќе почне со уредувањето на новиот лунапарк за што во првата фаза ќе бидат монтирани првите реквизити со цел паркот да биде функционален за граѓаните.

