26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТГутереш го моли Путин да ги врати своите војници во Русија(Видео)

Гутереш го моли Путин да ги врати своите војници во Русија(Видео)

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, апелираше до рускиот претседател Владимир Путин да ги запре неговите војници.

Гутереш рече дека рускиот напад врз Украина бил најтажниот момент во неговиот петгодишен мандат.

„Во име на хуманоста, вратете ги своите војници во Русија“, рече Гутереш, отворајќи ја итната седница на Советот за безбедност на ОН рано утринава, во моментот кога беше извршен рускиот напад врз Украина.

Путин рано утринава најави дека ќе започне „специјална воена операција“ во источна Украина. Најавувајќи ја воената операција во источна Украина, Путин рече дека таа има за цел да ги заштити цивилите.

Тој додаде дека Русија нема за цел да ја окупира Украина. Путин рече и дека одговорноста за крвопролевањето е на украинскиот режим. Путин ги предупреди другите земји дека секој обид за мешање во руската акција ќе доведе до „последици кои никогаш не ги виделе“.

Гутереш од седницата на Советот за безбедност на ОН го повика рускиот претседател да ги повлече војниците.

„Во име на човештвото, не дозволувајте Европа да ја започне она што може да биде најлошата војна од почетокот на векот, со последици не само погубни за Украина, не само трагични за Руската Федерација, туку со влијание што не можеме ниту да го предвидиме“, додаде тој.

„Она што ми е јасно е дека оваа војна нема смисла“, рече Гутереш, нагласувајќи дека таа ја прекршува Повелбата на ОН и дека, ако не престане, ќе предизвика страдање што Европа не го видела од балканската криза во 1990-тите години.

Амбасадорот на Украина во Обединетите нации пред Советот за безбедност изјави дека рускиот претседател Владимир Путин објавил војна на Украина барајќи од неговиот руски колега да каже дека Русија нема да ги гранатира и бомбардира украинските градови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП