Руската инвазија на Украина утрово буквално го потопи пазарот на криптовалути. Биткоинот падна за 8,35 отсто на 35.479 долари. Од час во час минусот стануваше се поголем.
Рано утрово биткоинот забележа пад од 6,61 отсто, а потоа отиде во минус за дополнителни 2 процентни поени.
Другите криптовалути, исто така, поминаа повеќе од лошо. Етериум, втората највредна криптовалута во светот, падна за повеќе од 12 отсто во последните 24 часа и се тргува за 2.383 долари.
Утрово буквално целиот финансиски пазар е во голем пад, додека цените на нафтата и гасот драстично пораснаа.