7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција: Маркетите ќе продаваат производи со поминат рок на траење

Грција: Маркетите ќе продаваат производи со поминат рок на траење

marketi1

Поради економската криза и се потешкиот живот на граѓаните, грчките маркети во својата понуда по пониски цени ќе нудат и производи со поминат рок на траење.

Здружението на трговци во Атина донело одлука маркетите од 1-ви септември да продаваат артикли на кои им поминал рокот за употреба, но по пониски цени. Оваа одлука е донесена со цел да им се помогне за најзагрозените жители на Атина.

Во меркетите ќе има посебно место со натпис „Производи со поминат рок на траење“. Овие производи ќе се продаваат со нагалсени мерки на претпазливост што подразбираат недоведување на потрошувачите во животна опасност.

Во зависност од видот на производот, на некои рокот на траење, по истекот на рокот на амбалажата, ќе им биде продолжен за три месеци. Ваквите производи ќе им се нудат исклучиво на потрошувачите, а не и на рестораните или други места каде се подготвува храна.

Доколку продавачите продаваат производи кои се карактеризирани како „лесно расипливи“, тие не смеат нивниот рок да го продолжат, во спротивно ќе бидат казнети со 5.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП