Рускиот претседател Владимир Путин одобри специјална воена операција во источна Украина, по што руските сили истрелаа ракети врз неколку градови во Украина и ги приземјија силите на нејзините јужни брегови, објавија украинските власти и медиуми. На социјалните мрежи се појавија првите снимки од експлозијата, кои се и почеток на нападот на Украина.
Набргу по експлозијата, украинскиот претседател Владимир Зеленски прогласи воена состојба за целата земја.

