2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ги вклучува крипто-компаниите во нов регулатор за перење пари

ЕУ ги вклучува крипто-компаниите во нов регулатор за перење пари

Европската унија планира да им даде надзор на криптовалутите така што ќе формира нов регулатор за перење пари. Причината е, стравувањата дека таквите компании може да користат нелегални средства, изјавија за „Bloomberg“ лица кои запознаени со ова прашање.

Европската комисија и другите тела на ЕУ преговараат за опсегот и формата на регулаторот, кој се очекува да биде оперативен во 2024-та година и целосно оперативен до две години подоцна.

Група земји, вклучително и Германија, се залагаат за појасно спомнување на вклучувањето на крипто-компаниите во опсегот на структурата, рече европски дипломат запознаен со дискусиите, а кој побара анонимност.

ЕУ ја создава новата структура по серијата скандали во последните години кои покажаа дека регулативите на блокот оставаат дупки низ кои минуваат „валканите“ пари. Во исто време, пазарот на криптовалути вреден 2 трилиони долари напредува, отворајќи нов фронт во борбата против перењето пари поради анонимноста и ограничениот надзор.

Групата предводена од Германија ги вклучува и Шпанија, Австрија, Италија, Луксембург и Холандија. Таа инсистираше на тоа дека овластувањата на регулаторот ги покриваат најризичните прекугранични структури меѓу банките, финансиските институции и компаниите за криптовалути, рече дипломатот на ЕУ. Досега, предлогот на ЕК, објавен во јули, зборува само за „виртуелни средства“. Засега од ЕК одбиваат да дадат коментар во врска со ова прашење.

За предложените измени допрва треба да се разговара меѓу земјите-членки на блокот, што значи дека сè уште е нејасно дали ќе има широка поддршка, рекоа бриселските власти. Европскиот парламент ќе има збор во финалниот текст.

„Клучно е опсегот на новата европска структура експлицитно да ги вклучува криптовалутите, имајќи предвид дека ова е една од областите поранливи на активности за перење пари“, рече Луис Гарикано, еден од водечките европратеници на предлогот.

Во моментов, одговорноста за справување со перењето пари во ЕУ е на националните власти, што значи дека понекогаш тие немаат информации за тоа што се случува надвор од нивните граници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП