26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКатар и другите земји производители немаат капацитет да го заменат рускиот гас...

Катар и другите земји производители немаат капацитет да го заменат рускиот гас во Европа

Ниту Катар, ниту другите земји-производители немаат капацитет да го заменат рускиот гас во Европа доколку се прекине снабдувањето поради руско-украинскиот конфликт, предупреди катарскиот министер за енергетика.

Тензиите меѓу Русија и Украина ескалираа откако Москва призна два проруски одметнати региони во источна Украина и на тоа подрачје испрати војници во „мировна“ мисија, јавува Ројтерс.

Соединетите Држави и нивните европски сојузници воведуваат нови санкции кон Русија, кои би можеле да го вклучат рускиот гас и да го прекинат снабдувањето со Европа.

Во последните недели Вашингтон ги прашуваше големите производители дали можат да го заменат рускиот гас во Европа.

„Уделот на Русија во снабдувањето на Европа е од 30 до 40 отсто. Ниту една земја не може да замени таков волумен (гас), за такво нешто нема капацитет. Повеќето се врзани за јасни долгорочни договори и дестинации. Затоа е речиси невозможно да се замени такво количество (гас) на краток рок“, изјави катарскиот министер Саад ал Кааби за новинарите на конференцијата за гас во Доха.

Катар е еден од најголемите производители на течен природен гас во светот и се согласи да го продаде најголемиот дел од својот гас на клиентите во Азија преку долгорочни договори, иако дел од него продава и во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП