29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА50 најинспиративни мисли на познатите

50 најинспиративни мисли на познатите

grizza

Најуспешните компании во светот имаат една заедничка особина, а тоа е грижата за своите корисници и постојаното подобрување на корисничките барања и имплементирање на најефикасните процеси и апликации.

Ви ги претставуваме 50-те најинспиративни мисли на познатите личности, бизнисмени и сопственици на компании кога станува збор за грижата на корисниците.

„Вашиот најнезадоволен купувач е најдобриот извор на учење“, Бил Гејтс  – „Microsoft“.

„Приближете се поблиску од било кога до своите корисници. Толку блиску за да им кажете што сакаат, пред тие самите да го разберат тоа“, Стив Џобс – „Apple“.

„Не ги плаќа работодавецот платите на работниците. Работодавецот управува само со парите, а купувачот е тој кој ги создава платите на работниците“, Хенри Форд – „Ford Motor Company“.

„Своите корисници ги прифаќаме како гости на забава, а ние сме домаќини. А потоа се трудиме нивното задоволство секогаш да биде на повисоко скалило“, Џеф Безос – „Amazon.com“.

„Најдобар начин да се пронајдеш себеси е да се изгубиш самиот служејќи на другите“, Махатма Ганди.

„Целта на компанијата е да нема корисничка поддршка која е добра, туку легендарна“, Сем Волтон – „Wal-Mart“.

„Некои зборови можат да бидат кратки и лесни за изговор, но нивното ехо да се слуша со денови“, Мајка Тереза.

„Доколку работите само за да заработите пари, никогаш нема да успеете. Но доколку го сакате тоа што го работите и купувачот го следите пред вас, успехот е ваш“, Реј Кроц – „McDonald’s“.

„Човек без насмеано лице не би требало да отвори продавница“, кинеска поговорка.

„Работете го тоа што го работите толку добро за сите да посакаат тоа да го видат уште еднаш, а притоа да ги доведат и своите пријатели“, Волт Дизни.

„Луѓето пред профитот“, непознат автор.

„Биди секаде, работи со се, но секогаш воодушеви го купувачот“, мотото на „Macy’s“.

„Нашата мисија е да ги следиме луѓето со почитување и со достоинство и тоа не се само празни зборови, туку за нешто што живееме секој ден“, Хауард Шулц – „Starbucks“.

„Корисникот кој честопати се жали претставува голема шанса во многу бизниси“, Зиг Зиглар, мотивациски говорник.

„Доколку не услужувате корисник, потрудете се да услужите некој кој би требало да биде“, Јан Карлзон – „SAP“.

„Да можете да разберете човек, прво поминете милја во неговите мокасини“, стара американска поговорка.

„Купувачите не очекуваат да бидете совршени, но очекуваат да ги поправите работите кога ќе тргнат наопаку“, Доналд Портер – „British Airways“.

„Задоволен и среќен купувач вреди 10.000 долари вложени во рекламирање“, Џим Рон, мотивациски говорник.

„Потрошете што е множно повеќе време разговарајќи со купувачите и да дознаете што сакаат. Неможете да поверувате колку компании не ги слушаат своите купувачи“, Рос Перо – „EDS“.

„Корисничкото искуство е следното боиште на конкурентноста“, Џери Грегори – „Dell“.

„Потрошувачите се статистика. Корисниците се луѓе“, Стенли Маркус, инвеститор.

„Не постои метеж на патот кога ја трчате победничката милја“, Роџер Стаубах, играч на американски фудбал.

„Доколку не се грижиме за своите купувачи, има кој сака“, непознат автор.

„Секогаш работете повеќе од она што се бара од вас“, Џорџ Патон, легендарен генерал од Втората светска војна.

„Љубезениот третман на купувачите го прави најдобриот метод за туѓите реклами“, Ј.Ц, Пени.

„Добро стореното е многу покорисно од добро реченото“, Бенџамин Френклин.

„Кога потрошувачите се на прво место, остануваат вечно“, Роберт Халф.

„Постои само еден шеф-потрошувачот и тој може да ги отпушти сите во компанијата, од директорот до најниско вработениот, нормално доколку ги потроши своите пари на друго место“, Сем Волтон – „Wal-Mart“.

„Работењето со луѓето е веројатно најголемиот проблем со кој можете да се сретнете, доколку мислиме за работењето. Ах да, но тоа истото го велат и домаќинката, архитектот или инженерот“, Дејл Карнеги.

„Што повеќе се доближите до купувачите, појасно ќе ја остварите својата визија и појасно ќе одредите што е потребно да сторите“, Џон Расел – „Harley Davidson“.

„Доколку сакате да се воздигнете себеси, воздигнете некој покрај себе“, Букер Вашингтон.

„Секогаш дајте им на луѓето повеќе од што самите очекуваат“, Нелсон Босвел.

„Доколку генијално не ги познавате вашите купувачи, постојат големи шанси да не купат од вас“, Томас Вотсон – „IBM“.

„Што подолго чекате, потешко ќе ја извршите својата корисничка поддршка“, Вилијам Бредли, инвеситор.

„Не се грижете за правилата, не се грижете дека ќе бидете во невоља, затоа што ваша задача е да се грижите за купувачите. Ваша работа е купувачите да бидат среќни“, Џон Пепер – „Boloco“.

„Ние сме тоа што го работиме.Совршеноста не е изолиран случај, туку навика“, Аристотел.

„Постои спиритуален аспект на нашите животи, кога даваме, ние добиваме. Кога компанијата ќе задоволи некој купувач, од друга страна тој ќе стори нешто позитивно за компанијата“, Бен Коен, инвеститор.

„Under promise and over deliver“, Тоби Блумберг.

„Доколку продолжиме да го работиме тоа што го работиме, ние ќе продолжиме да го добиваме тоа што веќе го добиваме“, Стефан Кови.

„Не е чесно да ги прашувате другите, што не се подготвени да сторат нешто за себе“, Еленор Рузвелт.

„Зошто чекате да стане незаборавно“, Тони Робинс.

„Не плачете за полесен живот. Молете се да станете посилен човек“, Џон Кенди.

„Дајте му на купувачот доверба и ќе ви се врати дупло“, непознат автор.

„Ништо не е така моќно како ентузијазмот“, Самуел Тејлор Колериџ.

„Доколку на човечки начин се однесувате кон купувачите и го почитувате нивното право да бидат услужени чесно и со ентузијазам, се ќе биде многу полесно“, Даг Смит.

„Само со животот со кој им служиме на другите, вреди да се живее“, Алберт Ајнштајн.

„Направи потрошувачи, а не продажба“, Кетрин Баркети.

„Доколку немате 100 проценти задоволни купувачи, продолжете да го унапредувате односот со нив“, Хорст Шулц.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП