29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВерувајте, не е евтина замената на батеријата, еве колку ќе ве чини?

Верувајте, не е евтина замената на батеријата, еве колку ќе ве чини?

Цените на заменските батерии за електричните автомобили достигнуваат вртоглави суми. Еднo се гаранциите и гарантен рок, кои најчесто се до осум години или 250.000 km, но што после тоа, кога возачите се препуштени сами на себе?

Холандскиот „Autoweek“ спроведе анкета во која ги праша сервисите колку чини замена на батерија за одредени модели.

Од „Tesla“ на пример не стигна одговор, а цените не ги објавуваат „Audi“, „Fiat“ и „Opel“. Дури и „Volkswagen“ не може или нема да даде точни цени на батериите потоа.

Новата батерија за моделите од семејството „ID“ на „Volkswagen“ (ID.3 и ID.4) би требало да чини меѓу 10.000 и 15.000 евра. За постарите модели базирани на платформата „MQB“, цената на „e-Golf“ и „e-Up“ е помеѓу 10.000 и 20.000 евра.

Флуктуирачките цени се последица на сложеноста и бројот на артикли, изјави портпаролот на „Volkswagen“.

„Mercedes“ е еден од ретките големи производители кој е транспарентен. Батеријата за „EQA“ чини 15.209 евра, за „EQS“ е 19.603 евра, а за „EQV“ новиот пакет чини 27.230 евра.

Батеријата за замена за „Smart EQ ForTwo“ и „Smart EQ ForFour“ треба да чини 6.538 евра.

„Honda“ наплаќа 7.283 евра за замена на батеријата за електричниот модел „Honda e“. Замена на батеријата за „Dacia Spring“ чини 6.770 евра.

Цените на „Renault Zoe“, „Kangoo ZE“ и „Twingo Electric“ се околу 9.000 евра по „парче“. За лесниот градски автомобил, „Twizy“ батеријата чини околу 4.000 евра.

„Nissan“ наплаќа 10.306 евра за помалата батерија на „Leaf“ (40 kWh) и 15.516 евра за големата батерија (62 kWh).

Така, во зависност од големината на батеријата, замената може да биде прилично скапа, што не е на одмет ако, на пример, планирате да купите користен електричен автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП