10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД ќе го достигнат лимитот за задолжување во средината на октомври

САД ќе го достигнат лимитот за задолжување во средината на октомври

jacob1

САД ќе го достигнат со закон дозволениот горен лимит за задолжување на средината на октомври, со што се зголемуваат изгледите владата во Вашингтон да дојде во ситуација да не може уредно да ги подмирува своите обврски, предупреди американскиот министер за финансии Џејкоб Лу.

Во вчерашното писмо до Конгресот, Лу ги повикува законодавците да го подигнат лимитот за задолжување од сегашните 16.700 милијарди долари. Доколку не го сторат тоа, предупредува дека, „американската економија би можела да претрпи непоправливи штети”.

Напомнува дека министерство за финансии работи под тој плафон, откако е достигнат на 17-ти мај, со помош на „вонредни мерки”, за да се решат обврските по прашање на исплаќањето на обврските, и благодарение на даночните приливи кои се поголеми од очекуваните.

Меѓутоа, Лу предупредува дека најновите процени упатуваат дека маневарскиот простор ќе биде исцрпен околу средината на октомври.

„Тогаш САД ќе го достигнат лимитот на дозволеното задолжување, а министерството ќе биде во ситуација да ја финансира владата само со парите со кои располага во дадениот момент”, предупредува Лу.

Тој воедно додава дека тоа би ќе ги доведе САД во неприфатлива позиција, во која што не би можело да ги исполнуваат растечките обврски по прашање на исплатите за здравството и потребите на пензискиот фонд, но не би можеле да ги исплаќаат ниту платите.

Тој предупредува дека, и доколку се намали побарувачката на инвеститорите за американски државни обврзници, САД би можеле да бидат соочени со директен недостиг од пари.

„Таквото сценариo навистина би можело да ги поткопа финансиските пазари и да резултира со значителни пореметувања во нашата економија”, тврди министерот за финансии Лу во писмото адресирано до претседателот на Пратеничкиот дом, Џон Бонер.

Лу напоменува и дека не е можно да се каже во кој момент точно обврските на министерството ќе ги надминат расположливите средства, но дека „во секој случај Конгресот мора да дејствува пред средината на октомври”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП