6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛеблебија – совршена замена за месото

Леблебија – совршена замена за месото

Леблебијата или наутот е исклучителна намирница богата со нутритивни вредности. Се употребува уште од древните времиња, за што сведочат археолошките артефакти од остатоците од оваа билка. Има повеќенаменска улога во кулинарството, може да се користи како вариво, од неа се прави лебно брашно, или пржени грицки кои не се штетни.

Не се разликува многу од останатите мешунки: содржи до 23 проценти протеини, 58 проценти јаглехидрати и околу 5 проценти растително масло. Во неа има повеќе железо од месото, а притоа овој минерал не се губи при готвењето.

Во арапските древни записи, леблебијата се споменува и како моќен афродизијак. Леблебијата содржи многу растителни влакна кои се заслужни за намалување на холестеролот. Леблебијата има уште едно корисно својство: од организмот ги исфрла сулфатите, штетни соединенија кои се користат како конзерванс во преработената храна.

Леблебијата е природен извор на калциум, бакар и магнезиум, и според новите истражувања таа има значајна улога во врзувањето на калциумот за коските. Тоа упатува на фактот дека остеопорозата се јавува не поради недостаток на калциум, туку поради дефицит на магнезиум. Освен тоа, овој минерал учествува во регулирањето на срцевиот ритам и го намалува нивото на холестерол и е многу важен за бремените жени бидејќи ја намалува опасноста од спонтан абортус и предвремено раѓање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП