„Добредојдовте во новиот свет, каде што Европејците ќе плаќаат 2.000 евра за гас“, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија.
Тоа го изјави на својот Твитер профил по објавувањето на веста дека Германија ќе ја стави во мирување сертификацијата на рускиот гасовод Северен тек 2.
„Треба повторно да ја процениме ситуацијата, особено во однос на Северен тек 2“, рече германскиот канцелар Олаф Шолц на прес-конференција претходно денеска.
Да потсетиме, инфраструктурата низ Балтичкото Море е завршена, но се уште не е сертифицирана.
Гасоводот што испорачува природен гас од Русија до Германија долго време е предмет на критики од САД и некои европски земји, кои тврдат дека ја зголемува зависноста на Европа од руската енергија.