26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПутин: По што се разликува ова од Косово

Путин: По што се разликува ова од Косово

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати кон нацијата коментирајќи ја актуелната ситуација со Украина.

Тој посочи дека Договорот од Минск повеќе не постои и дека нема што да се исполни.

Како што рече, Русија ќе разговара со владите на одвоените територии.

Путин потврди дека е добиена дозвола за испраќање војска надвор од границите на Русија, што значи дека и воено ќе им помогнат на тие републики. Сепак, како што истакна, руските војници нема веднаш ќе заминат во Донбас.

Тој рече дека разговарал со западните земји и со ЕУ.

„Луѓето што живеат во Севастопол самите одлучија, неколкупати прашав по што се разликува тоа во однос на Косово“, рече тој.

Како што наведе, никој со пиштол не ги принудувал луѓето на истокот на Украина да ја напуштат таа територија, туку самите одлучиле.

Претседателот на Русија рече дека најдобро решение би било Киев да одбие да влезе во НАТО и да се придржува до неутралноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП