4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемени приходите од туризмот во Црна Гора

Зголемени приходите од туризмот во Црна Гора

cg1

Приходот од туризмот во Црна Гора оваа година ќе биде поголем од 700 милиони евра, а тоа значи дека туристичката сезона ќе биде поуспешна од 2008 година, оцени претседателот на Црногорското туристичко здружение, Жарко Радуловиќ.

Сега, иако не е крај на туристичката сезона, може да се каже дека Црна Гора остварила поголеми приходи од туризмот за разлика од минатата година, изјави тој.

Тој истакна дека многу е значајно што од мај до крајот на јули се оставрени 61 милион евра повеќе приходи по основ на наплата на ДДВ во однос на минатогодишниот период.

Тој, исто така, додаде дека и постсезоната ќе биде исто толку бериќетна како и предсезоната.

„Септември ќе биде на ниво на јули и август, а според најавите за посета и октомври ќе биде добар“, оценува Радуловиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП