Европската комисија донесе одлука со која ќе им се овозможи на земјите членки да издаваат дигитални ковид-сертификати за прележан Ковид-19 врз основа на брзи антигенски тестови.
„Од денес, новите правила им дозволуваат на земјите членки да издаваат сертификати за прележан Ковид-19 врз основа на резултати од брзи антигенски тестови“, соопшти Комисијата по усвојувањето на делегиран акт со нови правила за ковид-сертификатите.

