Последиците од наредбата на рускиот претседател Владимир Путин за преместување на војници во источна Украина се чувствуваат на пазарот на дигиталните добра. Имено, инвеститорите решија да се заштитат од ризикот и на овој пазар, па тие почнаа да ги повлекуваат инвестициите.
Пазарната капитализација на криптовалутите падна за околу 6 отсто и моментално изнесува 1,75 трилиони долари.
Според веб-страницата Коингеко, утрово биткоинот паднал за околу 3 отсто, а во моментов се тргува по цена од 37.507 долари. За една недела, биткоинот изгуби над 12 проценти од својата вредност.
Етериумот е исто така намален за 4,2 отсто, со вредност од 2.585 долари на берзите и менувачниците. На неделно ниво бележи речиси иста загуба како биткоинот, околу 12,8 отсто од неговата вредност.
Другите криптовалути, особено алтернативните монети, забележаа поостри падови во изминатите 24 часа. На пример, Ripple падна за 9,9 отсто, Кардано падна за 9,3 отсто, Солана за 8,3 итн.