4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТДенеска е 22.02.2022 - датум кој носи голема промена

Денеска е 22.02.2022 – датум кој носи голема промена

Датум како денешниот – 22.02.2022 во просек се гледа еднаш во 800 години, а нумеролозите му придаваат посебно значење.

Бројот 2 инаку симболизира рамнотежа, компромис, хармонија, сочувство и прифаќање, а оваа „акумулација“ на тој број во датумот може да носи порака во таа насока.

Имено, доколку моментално сте преоптоварени со деловни обврски и материјални работи, вистинско време е да и се посветите на духовноста. Исто така, доколку сте во конфликт со некого, денес е идеален ден да го поправите.

Нумеролозите веруваат дека броевите 2 и 22 се знак за промена, а денешниот ден може да биде почеток на посреќен и поуспешен период.

Доколку често ги гледате броевите 222, 2222, 22222 или 222222 околу вас – на часовникот, постери, телевизија – можно е да добиете порака дека е време за промена. Колку повеќе двојки гледате, толку повеќе промени се потребни, па денес можеби е вистинско време да ги ублажите односите со другите луѓе, да работите на блискоста, да се обидете да ги проширите своите хоризонти, можеби да донесете некои важни одлуки кои би можеле да ви го вратат балансот во животот и да ве направи подобар.

Бројот 222, исто така, се смета за ангелски број и потсетува дека ништо во животот не е случајно, и дека шест двојки во датумот е единствена можност да ја промените судбината и предлага да замислите желба што ќе ја кажете секој пат кога ќе видите „двојка“ – наводно е многу веројатно да се случи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП