19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТФилмска потера: Мексиканската војска заплени 3 тони кокаин(ВИДЕО)

Филмска потера: Мексиканската војска заплени 3 тони кокаин(ВИДЕО)

Мексиканската армија заплени 3 тони кокаин во близина на мексиканскиот брег. Огромното количество кокаин е запленето со помош на воен хеликоптер, кој успеал да го стигне шверцерскиот брод на 68 наутички милји од Кабо Сан Лукас.

Последната голема заплена на кокаин во Централна и Јужна Америка беше на почетокот на февруари кога колумбиската морнарица заплени пловило со четири тони кокаин. Полицајците пресретнаа 15-метарска полуподморница на пат кон Централна Америка.

Властите велат дека пратката е вредна околу 150 милиони долари. Тоа е најголемата ваква пратка запленета од Пацифичките поморски сили во последните две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП