17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците полнат гориво преку граница, бензинските пумпи бараат помош од државата

Германците полнат гориво преку граница, бензинските пумпи бараат помош од државата

Таква разлика во цената на горивото меѓу Германија и Полска досега немало. Возачите од истокот на Германија се почесто ја минуваат границата за да наполнат гориво, па затоа бензинските пумпи во татковината бараат помош од државата.

Горивото на германските бензински пумпи се движи кон рекордни цени по бумот што дојде по економското закрепнување од пандемијата. Овие денови возачите мора да користат апликации кои покажуваат каде е најевтино горивото, за да најдат бензин под 1,80 евра за литар или дизел под 1,60. Често е поскапо – затоа што германските пумпи ги менуваат цените во просек пет пати на ден.

Но, оние што живеат во близина на источната германска граница со Полска најдоа лесно решение – само да ја преминат границата и да наполнат полн резервоар.

Зашто, по намалувањето на данокот на додадена вредност, горивата во соседната земја преку ноќ поевтини за нови десет центи по литар. Сега бензинот е поевтин од Германија за 60 центи по литар, а дизелот за 45. Кој ќе го наполни резевоарот до врв, заштедува околу триесет евра откако ќе отиде во Полска.

„Продажбата на гориво во Германија во близина на границата падна за половина во јануари. Полските бензински пумпи, пак, известуваат дека нивниот промет е зголемен за половина“, изјави Јирген Цигнер, менаџер на Здружението на Централни бензински пумпи.

Бараат помош од државата

Според „Велт“, околу 300 до 400 бензински пумпи во Германија би можеле да банкротираат поради големата разлика во цената во однос на Полска. Далечниот исток на Германија, кој претходно припаѓаше на ДДР, и онака е најмалку развиен и населен. Таму густината на бензинските пумпи е најмала во целата држава.

Кога нема автомобили што точат гориво, се помалку луѓе застануваат во малите продавници на бензинската пумпа. А бензинските пумпи заработуваат две третини од приходите не од гориво, туку од тие ситници – пијалоци, тутун, лепчиња.

„Велт“ наведува дека здружението на бензински пумпи им пишало на федералните министри и локалните политичари, барајќи некаков вид фонд кој ќе ги спаси претежно малите претприемачи кои изнајмуваат и работат бензински пумпи.

„Досега не добивме одговор од министерствата“, рече Цигнер.

Пумпите, вели, треба да се држат „над вода“ до лето. Тогаш истекува привременото намалување на данокот на додадена вредност во Полска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП