25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИ „Lexus“ објави четиригодишен рок за испорака на новиот „LX“

И „Lexus“ објави четиригодишен рок за испорака на новиот „LX“

Јапонскиот производител „Lexus“ најави дека очекува доцнење во испораката на новата генерација на теренецот „LX“ (модел 2022-ра година) до крајните купувачи. Некои од оние кои веќе го нарачале автомобилот веројатно ќе треба да чекаат околу 4 години за да го добијат.

Забавувањето се должи и на пандемијата со коронавирусот во Југоисточна Азија, која предизвикува тешкотии во снабдувањето, и на тековната криза во електронските компоненти, што ја погоди автомобилската индустрија. Тоа главно ќе ги погоди клиентите во Јапонија, кои веќе се предупредени дека ако го нарачаат „Lexus LX“ сега, ќе го чекаат 4 години.

Во официјалното соопштение, производителот на луксузни автомобили рече дека доцнењето ќе влијае и на другите модели на „Lexus“. Компанијата работи на скратување на времето за испорака на теренецот, но побара од своите клиенти да покажат разбирање и трпение.

Најавата на „Lexus“ доаѓа неколку месеци откако матичната компанија „Toyota“ објави слично време за испорака на новиот „Land Cruiser“ на некои пазари, особено во Јапонија. Интересот за теренецот е огромен, но ќе треба да се чека околу 4 години.

Сепак, проблемот може да се влоши, бидејќи „Toyota“ нема да го продава „Land Cruiser“ во Северна Америка, која е најголемиот пазар за такви модели.

За таму е планиран „Lexus LX“, а плановите се до крајот на март да започнат испораките на луксузниот теренец. Почетната цена на „LX“ во САД е 88.245 долари за верзијата со два реда седишта и 96.345 за верзијата со 7 седишта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП