18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ да ја стави Швајцарија на црната листа

ЕУ да ја стави Швајцарија на црната листа

Последиците од протекувањето податоци од Credit Suisse би можеле да влијаат на целиот швајцарски финансиски сектор.

Масовното протекување од Credit Suisse се заканува да го загрози целиот финансиски сектор на Швајцарија, откако главната политичка групација на Европскиот парламент вчера ја лансираше можноста за ставање на земјата на црната листа за перење пари.

Европската народна партија (ЕПП) ја повика ЕУ да ги преиспита односите со Швајцарија и да размисли дали таа треба да се додаде на листата на земји кои се сметаат за висок ризик за финансиски криминал.

Експертите изјавија за Гардијан дека таквиот потег ќе биде катастрофален за швајцарскиот финансиски сектор, кој ќе се соочи со ист вид на надзор што се однесува на трансакциите во кои се вклучени земји како Иран, Мјанмар, Сирија и Северна Кореја.

„Откако ќе се преиспита листата на земји со висок ризик од третиот свет во областа на перење пари, Европската комисија треба да размисли за додавање на Швајцарија на листата“, рече Маркус Фебер, координатор за економски прашања на ЕПП, група која ги претставува европските политички партии од десниот центар.

ЕПП го даде предлогот откако медиумите, вклучително и Гардијан, Зидојче Цајтунг, Ле Монд и Њујорк Тајмс, објавија дека масовното протекување од Credit Suisse открило дека финансиската институција давала услуги на клиентите дури и откако било утврдено дека има сомнителни активности поврзани со нивните финансии.

Истрагата наречена „Швајцарски тајни“ идентификуваше клиенти на швајцарската банка кои биле вклучени во тортура, шверц на дрога, перење пари, корупција и други тешки кривични дела.

„Законите за банкарската приватност не смеат да станат изговор за да се дозволи перење пари и даночно затајување“, рече Фербер, додавајќи „очигледно, Credit Suisse има практика да гледа настрана наместо да поставува тешки прашања“.

Credit Suisse ги негира обвинувањата, тврдејќи дека активностите откриени од новинарите во голема мера се случувале во минатото и се засноваат на „селективни информации извадени од контекст што резултираат со пристрасни толкувања на деловното однесување на банката“. Правниот оддел на банката изјави за Гардијан дека поединечните пропусти од минатото не ги одразуваат актуелните деловни политики, практики и култура.

Политичарите и медиумските организации во Швајцарија луто реагираа на откритието дека швајцарските истражувачки новинари не можат да учествуваат во истрагата за „швајцарските тајна“ поради злогласниот национален закон за банкарска тајна.

Швајцарскиот закон со децении го криминализира откривањето на банкарски податоци од странски финансиски професионалци. Сепак, во последниве години тој беше проширен за да вклучи луѓе надвор од финансискиот сектор, потенцијално вклучувајќи истражувачки новинари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП