19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТВерижен судир на автопат во Војводина, најмалку еден загинат(ВИДЕО)

Верижен судир на автопат во Војводина, најмалку еден загинат(ВИДЕО)

Едно лице загина, а неколку се повредени, во верижен судир на триесетина возила на автопатот Нови Сад – Белград, што се случил утринава, јавува Радио-телевизија Војводина (РТВ).

До судирот дошло на околу километар од наплатната рампа „Стара Пазова“ во правец кон Белград поради, како што јави репортерот на РТВ, магла и слаба видливост на тој дел од автопатот.

Сообраќајот е целосно во прекин од правец на Нови Сад и пренасочен кај Инџија на стариот пат, па се создал голем сообраќаен метеж во местото Стара Пазова.

Фотографиите и снимките од местото на несреќата покажуваат смачкани автомобили и комбиња зад кои се формира километарска колона од застанати возила. На повредените им помогнале екипи на брзата помош и противпожарни служби испратени на местото на несреќата, а полицијата врши увид по затворањето на патот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП