30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТСАД: Русија ќе ја нападне Украина

САД: Русија ќе ја нападне Украина

САД имаат разузнавачки информации дека руските војници добиле наредба да ја нападнат Украина, пишува CBS News, додавајќи дека командантите подготвуваат „планови“.

„Американското разузнавање вели дека руските војници сега всушност добиле наредба да започнат инвазија“, рече Дејвид Мартин, дописник за национална безбедност на CBS News.

– Значи, не само што се доближуваат до границата и позициите за напад, туку командантите на терен прават и конкретни планови како да маневрираат во нивниот сектор на бојното поле. Прават се што би направиле американските команданти за да добијат наредба за напад, додаде тој.

Меѓутоа, амбасадорот на Руската Федерација во САД, Анатолиј Антонов уште еднаш ги демантираше информациите дека Москва планира да окупира делови од Украина.

Антонов рече дека руски војници се распоредени на руска територија и дека Русија никому не се заканува.

– Не се обидуваме да окупираме територија на друга држава. За нас Доњецк и Луганск се дел од Украина, изјави Антонов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП