24 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТКралицата Елизабета заразена со коронавирус

Кралицата Елизабета заразена со коронавирус

Британската кралица Елизабета Втора е позитивна на корнавирус, потврди Бакингемската палата.

Таа има благи симптоми на настинка и се очекува да ги продолжи обврските во палатата следната недела, пишуваат медиумите.

Се додава дека кралицата ќе ја добие потребната медицинска помош, како и дека ќе ги следи сите соодветни упатства.

Претходно овој месец, принцот Чарлс (73) по втор пат беше позитивен на коронавирус.

Здравјето на кралицата Елизабета, најстариот и најдолг владеечки монарх во светот, е во центарот на вниманието откако во октомври минатата година помина една ноќ во болница поради недијагностицирана болест, по што лекарите ја советуваа да се одмори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар