19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаст на нето добивката на „Sberbank“

Раст на нето добивката на „Sberbank“

sberbank1

Рускиот банкарски див „Sberbank“ денес објави дека во вториот квартал забележал благ раст на добивката на годишно ниво и дека ги зголемил резервациите за лошите кредити.

Нето добивката во тој период изнесувала 86 милијарди рубљи (2,6 милијарди долари), што е за 3,5 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година, покажаа резултатите од работењето.

За резервациите за лоши кредити банката издвоила 30,9 милијарди рубљи, што е за 15 пати повеќе во споредба со минатата година кога тие изнесуваа само 2,1 милијарди рубљи.

Уделот на лошите кредити е непроменет во споредба со крајот на 2012 година, а резултатите од работењето главно се во согласност со очекувањата на пазарот.

Во „Sberbank“ прогнозираат дека во 2013 гофина ќе остварат добивка во опсег од 370 до 390 милијарди рубљи. Овие прогнози за аналитичарите се премногу оптимистични, со оглед на забавувањето на активностите во руската економија која во вториот квартал се зголеми за само 1,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП