Рускиот претседател Владимир Путин утре лично ќе ги надгледува вежбите на руските сили за стратешко одвраќање, вклучително и лансирањето на балистички и крстосувачки ракети дизајнирани да симулираат нуклеарен напад, пишува „Гардијан“.
„Годишните стратешки вежби ‘Гром’ ќе се одржат на 19. февруари под надзор на врховниот командант на руските вооружени сили Владимир Путин“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана. Тоа се вежби кои обично се одржуваат на лето.

