23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГори брод со 4.000 автомобили на Фолксваген(ВИДЕО)

Гори брод со 4.000 автомобили на Фолксваген(ВИДЕО)

Автомобилската индустрија е оптоварена со недостиг на делови предизвикани од доцнење на синџирот на снабдување. Работата да биде уште полоша, товарен брод со илјадници нови возила во Северна Америка гори во Атлантикот со часови.

Бродот Felicity Ace долг повеќе од двесте метри бил на пат од Германија кон САД кога се запалил. Екипажот беше евакуиран од португалската морнарица доцна во средата, пренесува АП.

Се уште е во пламен, недалеку од брегот на Португалија, а на него има 3.965 автомобили Фолксваген.

„Свесни сме за инцидент со товарниот брод кој превезува возила од групацијата Фолксваген преку Атлантикот“, изјави портпаролот на компанијата за Business Insider.

„Во овој момент немаме информации за повредени. Работиме со локалните власти и бродската компанија за да ги истражиме причините за инцидентот“.

Според Arab News, на бродот имало и луксузни модели на брендот Porsche.

„Продажните салони ќе ви дадат дополнителни информации за тоа како влијае на вашите нарачки веднаш штом ќе имаме дополнителни информации и ќе го дознаеме целосниот обем на проблемот. „Нашите моментални мисли се за 22-те членови на екипажот на трговскиот брод, за кои разбравме дека се сите безбедни и здрави во моментот“, изјавија претставници на Porsche за The Drive.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП