13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Не смеевме да ги пуштиме Грците во еврозоната

Меркел: Не смеевме да ги пуштиме Грците во еврозоната

merkel15

Германската канцеларка, Ангела Меркел, смета дека не требало да ја пуштат Грција во еврозоната, со што уште еднаш го потврдила својот став во врска со финансиите во Европската унија.

Вината за тоа што земјата која е меѓу оние кои најмногу ја почувствувала кризата се нашла во еврозоната ја префрла на својот претходник Герхард Шредер.

„На Грција никогаш не требаше да и се дозволи да влезе во еврозоната. Шредер во 2011 година ги прифати и го ослаби Пактот за стабилност. Двете одлуки беа фундаментално погрешни и тие се почетни точки на нашите сегашни проблеми“, рекла Меркел.

Германската канцеларка Меркел во своето предизборно обраќање го повтори ставот дека таа се залага за силна единствена монетарна унија, но сега оваа цел може да се постигне само со помош на реформи во земјите како Грција.

„Монетарната унија е такво богатство, таков благослов, што тука нема место за никаков сомнеж. Затоа еврото е многу повеќе од валута. Затоа и покажавме солидарност, но солидарноста секогаш е поврзана со одговорноста за реформите во земјите кои ја искусиле нашата солидарност“, изјави Меркел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП