17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТБританија објави мапа за можен руски напад: „Можат да нападнат без предупредување“

Британија објави мапа за можен руски напад: „Можат да нападнат без предупредување“

Британското Министерство за одбрана објави мапа за можен руски напад врз Украина, пишуваат медиумите во регионот.

„Русија има значително воено присуство и може да изврши инвазија без претходно предупредување“, соопшти британското Министерство за одбрана.

Според новинарските извештаи тие објавиле карта со, како што велат, можни насоки на рускиот напад.

Британското Министерство за одбрана објави видео во кое предупредува на опасност од значителни цивилни жртви доколку Русија ја нападне Украина.

Според написите, британското министерство наведува дека нема докази за руските тврдења дека нивните војници се повлекуваат од пограничната област и се наведуваат неколку причини зошто тие веруваат дека Путин би можел да ја нападне Украина. Една од наведените причини е верувањето на Путин дека Украина е „стратешки важна тампон зона“ меѓу Русија и НАТО. Исто така, како причини се наведуваат културно-историските врски меѓу Украина и Русија.

Во меѓувреме американскиот државен секретар Ентони Блинкен предложи средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Блинкен предложи да се сретнат следната недела за да се обидат да ја решат кризата преку дипломатија.

Руското Министерство за одбрана во вторникот соопшти дека некои сили од руските воени области во соседството на Украина се враќаат во своите бази по завршувањето на вежбите. САД не веруваат во тврдењата на Русија за повлекување на војниците од границата со Украина, а се сомневаат дека Москва дури го зголемила нивниот број за 7.000, изјави неименуван висок функционер од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП