23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПазарот на недвижности е најголемиот ризик за банките во еврозоната

Пазарот на недвижности е најголемиот ризик за банките во еврозоната

Пазарот на недвижности е „клучен извор на ранливост“ за банките во еврозоната, бидејќи растот на далечинската работа за време на пандемијата влијаеше на падот на побарувачката за деловни простории и презадолженоста на домаќинствата да купуваат скапи станови, соопшти Европската централна банка.

Централните банкари го вклучија алармот поради „бумот“ на пазарот на недвижности во еврозоната, за што придонесоа 10-годишните ултра ниски каматни стапки и благите регулативи.

Во последното предупредување, супервизорите на ЕЦБ наведуваат дека комерцијалните и станбените недвижности станале причина за загриженост и дека планираат подетално да ја разгледаат изложеноста на банките на овие ризици, пренесува Ројтерс.

„Управата за банкарска супервизија на ЕЦБ ја идентификуваше изложеноста на банките кон секторот на комерцијални и станбени недвижности како клучен извор на ранливост“, се вели во соопштението на ЕЦБ.

Тој додава дека секторот на комерцијални недвижности (CRE) е ранлив на влијанието на пандемијата и дека среднорочните ризици од корекција на цените продолжуваат да растат во секторот на станбени недвижности (RRE), со знаци на потенцијално преценување и пораст задолженоста на населението.

Изложеноста на банките на ризик од комерцијални недвижности сочинува околу 8,0 отсто од вкупните банкарски заеми и над 20 отсто од нивните корпоративни заеми, соопшти ЕЦБ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП