Оживување на саемската индустрија по ковид кризата е важно за заздравување на економијата, размена на знаења и најдобри деловни практики.
Може ли градежната индустрија да одговори на предизвиците на денешнината? Дали сме подготвени за енергетска трансформација? Може ли просторното уредување и комуналните услуги да ги прилагодиме кон потребите на 21. век? Што очекуваат инвеститорите и купувачите? На ова и многу други прашања од областа на градежништвото, архитектура, реставрција, недвижности, дрвна индустрија, мебел, енергија и енергетика, рударство, металска и електро индустрија, индустриска електроника и роботика, екологија, просторно уредување и комунални услуги ќе се обиде да се даде и пронајде одговор на Меѓународниот саем GRAND EXPO, што наесен оваа година ќе се одржи во Хрватска од 13 до 17 септември во Загреб.
Во среда, 16 февруари во Загреб одржана е првата седница на Програмскиот и Организациски одбор на саемот Grand Expo, составен од претставници на повеќе државни институции, деловни и професионални здруженија, како и стопанственици од дури 10 земји од регионот и ЕУ, меѓу кои и Словенија, Италија, Унгарија и Грција. Организатори на саемот Grand Expo се Меѓународниот економски форум PERSPEKTIVE од Загреб, Друштвото за маркетинг и деловни услуги PROMO GLOBAL од Загреб и DELFIN – RAZVOJ MANAGEMENTA од Загреб.
„На Саемот GRAND EXPO, согласно поставените цели, своите производи, услуги, иновации, новитети, но и потреби и инвестициски можности, ќе ги претстават 200 излагачи од 10-ина земји од регионот, а се очекуваат и околу 80.000 посетители. Исто така, на саемот ќе се одржат дури 7 стручни конференции, како и донаторска конференција за помош на настраданите во земјотресите во Хрватска„, истакна Винко Ќуро, претседател на Управниот одбор на Меѓународниот економски форум PERSPEKTIVE.

Проф. д-р Велимир Сриќа, претседател на Програмскиот одбор на Меѓународниот економски форум PERSPEKTIVE, зборуваше и за важноста на оживувањето на саемската индустрија за заздравување и развој на стопанството на нивото на целата Европска унија.

„Ова е всушност некаков вид на будење од зимскиот сон што нѝ го наметнала пандемијата. Желба на овој саем е да се разбуди сето она што во последниве две години замрело и тоа во целиот регион, но и пошироко. Исто така, сакаме овој саем да биде катализатор за оживување на традиционалните односи на комуникација, афирмација на големи и значајни проекти од тематските области на саемот, како и поттик на сите кои сакаат што побрзо да излеземе од пандемиската криза. Исто така, настојуваме преку овој саем да ги поврземе науката и стопанството во дијалог за развој и напредок на овие области. Во барањето на прифатливи решенија, како и во нудењето на решенија, луѓето мора да се среќаваат, разговараат и да се вмрежуваат„, истакна проф. д-р Сриќа.
Проф. д-р Синиша Зариќ, редовен професор на Економскиот факултет на Унивезитетот во Белград, со богато искуство во организирањето на Белградскиот саем зборуваше за важноста на деловно поврзување и вмрежување.
„Градежништвото, енергетиката, климатизацијата и другите области кои ќе бидат во центарот на саемот Grand Expo брзо напредуваат и континуирано нудат многу новости. Многу е поважно во живо да се видат и испробаат новитетите од овие области, отколку да ги гледате на огласи или виртуелно. Моќта на настанот и понатаму е важна, луѓето се желни за нови искуства. Саемот Grand Expo ќе обезбеди голема сцена за многубројни научно-стручни настани каде ќе се разменуваат искуства и знаења во областите на економијата и технологијата„, истакна проф. д-р Зариќ.
Винко Ќуро го нагласи и значењето на саемот Grand Expo за локалната заедница, Градот Загреб и Загребската жупанија, но и за државата во целост, во смисла на туристичко промовирање и саемска потрошувачка и им заблагодари за поддршката на државните и локални институции, меѓу кои и шест министерства и Градот Загреб.
Во рамките на Саемот, како е истакнато, ќе се одржи и Берза на трудот, каде учесниците на Саемот и другите заинтересирани субјекти, од една страна, и лицата на пазарот на трудот, од друга страна, ќе ги претстават своите потреби за работна сила, односно работните можности и способности. Поддржани од страна на претставниците на државните институции и деловни здруженија одделни претприемачи, кои биле присутни на одржаната седница на Програмскиот и Организациски одбор веќе ја изразиле својата намера да учествуваат на саемот Grand Expo, како што се компаниите Varis Lendava од Словенија, Genesis од Хрватска, Proton Cable од Косово и многубројни компании од Италија.