4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Mercedes“ претстави нов електричен седан со речиси 700 „коњи“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Mercedes“ претстави нов електричен седан со речиси 700 „коњи“ (ФОТО/ВИДЕО)

Транзицијата на „Mercedes“ кон електрични автомобили е во тек, а тој процес не можеше да помине без „AMG“.

По моделот „EQS“, кој минатата година доби моќна „AMG“ верзија, на ред дојде и помалиот електричен седан „EQE“, односно електричниот пандан на „Е“-класата.

На клиентите ќе им бидат понудени две опции „EQE 43 4MATIC“ и „EQE 53 4MATIC +“.

Послабиот, „EQE 43 4MATIC“ има погон на сите тркала и користи два електрични мотори чија вкупна комбинирана моќност е 476 ks (350 kW), додека максималниот вртежен момент е 858 Nm.

Тоа е доволно автомобилот да забрза од 0-100 km/h за 4,2 секунди, пред да достигне максимална, електронски ограничена брзина од 210 km/h.

Електричната енергија се складира во литиум-јонска батерија со капацитет од 90,6 kWh, а автономијата на возење според „WLTP“ стандардот е 462-533 km.

Батеријата може да се полни на брзи полначи до 170 kW. Па така според пресметките со полнење од 15 минути е доволно за дополнителни 180 километри возење.

За оние кои сакаат нешто повеќе, достапна е уште помоќна верзија на „EQE 53 4MATIC +“, исто така со два електрични мотори и погон на сите тркала.

Разликата е првенствено во моќноста, па така „EQE 53“ има 626 ka (460 kW) и 950 Nm. Од место, автомобилот достигнува до 100 km/h за 3,5 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 220 km/h.

Траењето на батеријата со полна батерија е 444-518 km (според WLTP).

Доколку и овие спецификации не го задоволат купувачот, постои опционален пакет „AMG Dynamic Plus“ кој му овозможува на автомобилот да има дури 687 коњски сили (505 kW) и 1.000 Nm максимален вртежен момент.

Спринтот од 0-100 km/h се постигнува за 3,3 секунди, а максималната брзина што може да ја развие возилото е 240 километри на час.

„Mercedes EQE 43 4MATIC“ и „EQE 53 4MATIC +“ ќе пристигнат во салоните кон крајот на оваа година, а до тогаш се очекува да бидат познати и нивните цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП