4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТНаучниците загрижени: Нивото на морето продолжува да расте со алармантна брзина, треба...

Научниците загрижени: Нивото на морето продолжува да расте со алармантна брзина, треба да се преземат итни чекори

Во следните 30 години, нивото на морето би можело да се зголеми исто како и во минатиот век, објавија американските агенции, вклучително и НАСА и Националната управа за океани и атмосфера (НОАА).

Според извештајот објавен во вторникот, се предвидува дека нивото на морето долж брегот на САД ќе се зголеми во просек за 25 до 30 сантиметри над денешното ниво до 2050 година.

„Овој извештај ги поддржува претходните студии и го потврдува она што го знаеме долго време – нивото на морето продолжува да расте со алармантна брзина, загрозувајќи ги заедниците ширум светот“, рече претставникот на НАСА, Бил Нелсон.

„Научното знаење е неспорно. Затоа треба да се преземат итни чекори за ублажување на тековната климатска криза.

Според извештајот на американската агенција, зголемувањето на нивото на морето „ќе влијае на големите поплави во крајбрежните области“, а „плимата и огромните бранови што ќе произлезат од бурите ќе се зголемат и ќе стигнат до копнените области“.

„До 2050 година, очекуваме „умерени“ поплави да се случат во просек и повеќе од 10 пати почесто отколку денес. Тие веројатно ќе бидат влошени од локални фактори“, се вели во извештајот.

Документот, насловен како „Глобални и регионални сценарија за нивото на морето за Соединетите држави“, е ажуриран извештај за 2017 година и „нуди краткорочни проекции за следните 30 години“, се вели во соопштението на НАСА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП