26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОва се причините поради кои опаѓа вашата коса

Ова се причините поради кои опаѓа вашата коса

Со решавањето на овие проблеми наскоро повторно ќе имате здрава, бујна и силна коса…

Вашето тело не добива доволно хранливи материи

Доколку не внесувате доволно протеини, омега-3 масни киселини, витамин В, железо и биотен, нормално е дека и вашата коса ќе стане послаба. Слабата исхрана секогаш ќе влиае негативно на вашата коса.

Имате алергија

Алергиите понекогаш можат да се манифестираат на најчудните можни начини, а слабеењето и опаѓањето на косата е еден од нив. Алергијата ќе услови стеснување и слабеење на капиларите а со тоа и алабеење на фоликулот, со што ќе се промени правилниот раст на косата. Одете на доктор за да направите тест и да утврдите дали ова ви се случува и вам.

Премногу ја фенирате и исправате косата

Познато е дека топлината ја оштетува косата, па така премногу третмани за обликување на косата може да ја направи тенка и остра, поготово на краевите. Затоа, доколку можете, подесете го фенот или преста на минимална температура.

Вашите фоликули се затнати

Исто како што природните масла, кои ги произведува вашата кожа, можат да ги затнат вашите пори, на ист начин можат да се затнат и вашите фоликули, на што изумрените клетки и прекумерната употреба на преперати за коса допринесуваат многу. Побарајте шампон против мрсна коса или истријте ја косата со морска сол за да го отстраните наталожениот слој нечистотија.

Користите погрешни производи

Изборот на вистинскиот шампон е клучен за доброто здравје на вашата коса. Консултирајте се со вашиот фризер во врска со ова прашање бидејќи тој најдобро знае што му одговара на вашиот тип на коса.

Имате проблеми со хормоните

Опаѓањето на косата често е предизвикано од хипотиреозација или менопауза. Доколку се сомневате дека и вам ви се случува истата работа, потребен ви е преглед од доктор а со дополнителни анализи на крвта ќе се утврди причината за проблемите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП