12 декември, 2024
ПочетнаКОРОНАДали е на повидок крај на пандемијата? Изјавата на шефот на Модерна...

Дали е на повидок крај на пандемијата? Изјавата на шефот на Модерна изненади многумина

Дали е на повидок крај на пандемијата? Иако е претпазлив, дури и шефот на американската фармацевтска компанија Модерна, Стефан Бансел, рече дека би било разумно да се каже дека пандемијата Ковид-19 е речиси завршена.

Зборувајќи за CNBC, Бансел рече дека му се чини дека ова може да биде изгледно сценарио.

Мислам дека има околу 80 отсто шанси вирусот, како што се развива, да станува се помалку заразен, рече Бансел.

Иако ова е реална можност, Бансел посочува дека тоа ќе претставува одредена закана за старите лица и за оние кои боледуваат од тешки хронични заболувања, поради што, смета, следната година ќе мора да се вакцинираат.

Овој вирус ќе остане кај луѓето засекогаш, како грипот и ќе мора да научиме да живееме со него, посочи тој.

Но, тој предупреди дека, според негова проценка, има 20 отсто шанси вирусот да мутира и да стане уште позаразен од варијантата омикрон.

Мислам дека имавме среќа со варијантата омикрон, но сепак илјадници луѓе умираат од оваа болест. Овој вирус е непредвидлив, истакна Бансел.

И додека просечниот граѓанин со нетрпение очекува каква било најава за крај на пандемијата и враќање на „стариот пат“, експертите се многу повнимателни во давање какви било прогнози.

Деканот на Факултетот за јавно здравје на Универзитетот Браун, Ашиш Џа ги коментираше најавите на Бансел на Твитер, предупредувајќи дека „немаме гаранција дека идните варијанти на овој вирус ќе бидат помалку заразни“. Тој додаде дека приоритет треба да биде да се вакцинираат што повеќе луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП