12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДа беше Чебрен реалност граѓаните немаше да почуствуваат енергетска криза

Да беше Чебрен реалност граѓаните немаше да почуствуваат енергетска криза

Изградбата на хидроцентралата „Чебрен“, бескрајна приказна во последните 30 години на секоја власт. Низ различни предложени модели досега не се успеа да се изгради еден од најважните инвестициски проекти со кој значително ќе се покрие домашното производството на електрична енергија во земјава.

Последниот обид за изградба на оваа хидроцентрала е претходната година, преку модел јавно-приватно партнерство. Девет квалификувани компании ја поминаа првата фаза од тендерската постапка. Уште три месеци компаните ќе имаат рок да достават понуди. Владата вели дека проектот „Чебрен“ е проценет во вредност од 700 милиони евра, и поради ова во втората фаза е избран меѓународен правен консултант за да ја проверува тендерската документација.

„Првата фаза од спроведувањето на постапката за доделување на концесија за вода за изградба на хидроцентралата Чебрен успешно е завршена. Тендерската документација за втората фаза е одобрена од Влада и е доставена до квалификуваните понудувачи. До 20 мај 2022 година, тече рокот за доставување на понудите. Важно е да се напомене дека за првпат паралелно се изработува и Студија за влијанието врз животната средина или ESIA (Environmental and Social Impact Assessment) финансирана од ЕБРД, согласно барањата на меѓународните финансиски институции и квалификуваните компании, која значително ќе придонесе за успешно реализирање на овој проект”, велат од Владата.

Планот е „Чебрен“ за да се изгради преку моделот јавно-приватно партнерство, во кое државните електрани ќе бидат јавниот партнер во име на државата. Обврската на државата ќе биде изградба на пристапниот пат до хидроцентралата и приклучокот, а приватниот инвеститор ќе треба да ја изгради хидроцентралата. „Чебрен“ според анализите има инсталирана моќност од 333 мегавати и годишно произвоство од 1.000 гигавати електрична енергија. Согласно стратегијата во областа на енергетиката предвидено е „Чебрен“ да се изгради до 2029 година.

Програма за реализација на стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025

· До крајот на 2021 година – Изработка на тендер за јавно приватно партнерство

· До крајот на 2022 година – Објавување и завршување на постапката за тендер

· До крајот на 2023 година – Дозволи за констрикција

· 2024 година – Почеток на изградбата

·Предвидено е изградбата на Чебрен да заврши до 2029 година

Девете комапнии кои се квалификуваа во втората фаза две се од Кина, исто толку од Турција и по една од Грција, Шпанија, Франција, Италија и Австрија. Само во последните 15 години пропаднаа дури 13 тендерски постапки за изградба на овој проект. Главните пречки беа непрецизни услови и нецелосна подготвеност на институциите. Најголем проблем беше времетраењето на концесијата од 50 години, за кој странските инвеститори сметаа дека е краток период. Во овој обид за конечно да започне изградбата на хидроцентралата „Чебрен“ концесијата е зголемена на 60 години и од Владата велат дека е сосема доволно.

Ч.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП