26 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТоплиот бран од Африка го тестира европскиот енергетски систем

Топлиот бран од Африка го тестира европскиот енергетски систем

Оваа недела, температурите во Шпанија достигнуваат 39°C, но прогнозите покажуваат дека следната недела може да се очекуваат температури од 42°C, пишува „Bloomberg“.

Топлината што доаѓа од Африка го тестира европскиот енергетски систем, влијаејќи на производството на електрична енергија од нуклеарни централи и хидроелектрани.

Предупредување за невообичаено високи температури е во сила за големи делови од Франција. Ограничувањата за користење на водата од реките Рона и Гарона за ладење на нуклеарните реактори ќе стапат на сила.

Високите температури и сувото време се исто така закана за шумски пожари. Вакви пожари веќе се случија на грчкиот остров Хиос. Предупредување за пожар е во сила и за централните и јужните делови на Франција. Очекувањата се за високи температури што не се видени од 2022-ра година.

Врвот на топлотниот бран во Европа се очекува на почетокот на јули, а ова би можело да донесе уште поголеми предизвици за енергетскиот сектор. Пазарите во Европа се многу чувствителни на прекините во работата на француските нуклеарни централи уште од деновите кога беа потребни итни поправки на пукнатините во реакторите, поради што електраните беа затворени со месеци.

Тоа ги доведе цените на електричната енергија во Франција на највисоко ниво од март. Тргувањето однапред на 25-ти јуни се затвори на речиси 82 евра за мегават-час. Цените за јули се зголемија за нешто повеќе од 8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар