29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПолиаморните врски сè почести во светот

Полиаморните врски сè почести во светот

Брачната мултилатерала е сѐ почеста во денешно време. Таа добила и свое име – полиаморија.

Пoлиаморијата психолозите ја сметаат за еден вид консензуална немоногамија, односно отворени врски во кои и двајцата партнери имаат согласност од другата страна да се гледаат со други луѓе.

Најновите истражувања откриваат дека околу 21 процент од испитаниците би се вклучиле во некаква форма на консензуална немоногамија, а околу пет проценти се веќе во таква врска.

„Се сеќаваш ли дека беше со друга на Денот на вљубените? Излезе и имаше секс со неа токму на празникот. Прво мислев дека не е важно, но потоа се изнервирав”, се сеќава Анита Касиди пред камерите на Би-би-си.

„Разговаравме за ова“, одговори нејзиниот партнер Андреа Солза.

Анита била мажена, а Андреа имал девојка кога ја започнале љубовната врска. „Бев со една девојка една година. По шест месеци ѝ кажав дека не сум моногамен, решивме да се обидеме и да видиме дали ќе ни успее. Се испостави дека не можеме, но тогаш ја запознав Анита,“ раскажа тој.

Неговата врска со Анита станала сериозна, па нејзиниот сопруг сфатил дека таквата ситуација не му одговара. „Се разведовме по две години моногамен брак, бевме во брак седум или осум години, а јас бев сè повеќе фрустрирана поради неусогласеноста на нашето либидо и потреби“, открива Анита.

Психологот и сексуален едукатор Лори Бет Бизбеј изјави за „Би-би-си“: „Понекогаш луѓето велат: како можеш да сакаш повеќе од една личност? Ги прашувам колку деца имате. Колку кучиња имате? Тоа е иста работа. Дали сакате некого помалку? Љубовта не е ограничена, времето и енергијата се ограничени.“

„Истражувањата покажуваат дека луѓето се посреќни во врски кои се немоногамни. Можеби е поврзано со фактот дека во ваква врска можете да кажете што посакувате и поголеми се шансите тоа да го добиете“, вели психологот.

Според неа, луѓето сакаат ново и мистериозно, а тоа е невозможно во долги врски. „Кога сте немоногамни, тоа можете да го најдете во нови врски и да ја освежите старата,“ објаснува докторката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП