28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОптимизам за здраво срце

Оптимизам за здраво срце

Лицата со оптимистичен поглед на светот имаат значително подобро здравје на кардиоваскуларниот систем, објавија американските научници.

Истражувањето било спроведено на повеќе од 5.100 испитаници на возраст од 45 до 84 години и покажа дека оптимистите во однос на песимистите имаат двојно повеќе шанси за идеална состојба на кардиоваскуларниот систем.

Експертите од Универитетот во Илиноис додаваат дека воочената врска помеѓу оптимизмот и здравјето на кардиоваскуларниот систем била присутна без оглед на факторите меѓу кои се социодемографските карактеристики на испитаниците и нивното психичко здравје.

Од испитаниците се собрани и податоците за крвниот притисок, индексот на телесната маса, концентрацијта на шеќер и холестерол во крвта, зачестеноста на телесните активности и евентуалното пушење.

По испитувањето се покажало дека оптимистите имаат во просек значително подобра концентрација на шеќерот и холестеролот во крвта и телесно е поактивни.

Покрај тоа, оптимистите имаат и поздрав индекс на телесна маса, а и во помал број консумираат цигари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП