5 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто значи кога ќе ве облие ладна, а што топла пот? Разликата...

Што значи кога ќе ве облие ладна, а што топла пот? Разликата е голема!

Што предизвикува ладна пот, а што предизвикува „топла“ и што е поопасно по здравјето?

Ладната пот во комбинација со температура укажува дека е неопходно веднаш да се јавите на лекар! Според експертите, потењето може да значи две работи: интоксикација (труење) или внатрешно прегревање. Во првиот случај потта е обично ладна, во вториот потопла и ниту една од овие манифестации не е безопасна.

Кога потта е ладна, мора да внимавате на белите дробови, бидејќи може да се работи за воспалителен процес или влошување на некоја хронична болест. Потоа треба веднаш да ја измерите температурата, а доколку е покачена, неопходно е да се консултирате со лекар. Ова е лош показател, знак дека телото се бори со болеста“, предупредуваат лекарите.

Експертите забележуваат и дека ако „исфрлате“ огромни количини ладна пот, тоа укажува на хиперхидроза, што укажува дека вирусот го нападнал вашето тело и дека се бори. Тогаш е многу важно да се консултирате со лекар кој ќе ви предложи понатамошни чекори.

Прекумерното потење може да укаже на други проблеми и посложени болести.

Прекумерното потење е болест и најчесто е проблем во ендокриниот систем. Најчесто може да биде придружено со тахикардија, поради што многумина бараат помош од кардиолог, но всушност проблемот е повеќе ендокринолошки“, предупредуваат лекарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП