26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТХакерски напади врз укаринското министерство за одбрана и врз банки

Хакерски напади врз укаринското министерство за одбрана и врз банки

Украинскиот центар за сајбер-безбедност објави дека веб-страниците на украинското Министерство за одбрана и на банките „Приватбанк“ и „Ошадбанк“ биле хакирани, објави денеска руската новинска агенција „Тасс“, а пренесе и „Ројтерс“.

Центарот посочува дека Русија би можела да стои зад овие напади.

Министерството за одбрана на „Твитер“ објави соопштение за нападот во кое се наведува дека се работи на санација на дефектите.

„Веб-страницата на МОУ веројатно претрпе DDoS напад. Техничката работа е во тек со цел воспоставување на редовната работа. Можна е комуникација преку ‘Фејсбук’ и ‘Твитер’, ArmyInforma https://armyinform.com.ua и Army FM https://armyfm. com.ua“, соопшти Министерството.

Новинарот Кристофер Милер наведува дека хакери ги нападнале државните банки „Приватбанк“ и „Ошадбанк“, како и Министерството за одбрана. Тој додава дека банкоматите не работат и дека банкарските услуги не се достапни.

„Не работат ниту веб-страниците на Министерството за одбрана и на вооружените сили“, напиша Милер на „Твитер“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП