21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПутин се шегува за можната инвазија на Украина: „Дали е објавен часот...

Путин се шегува за можната инвазија на Украина: „Дали е објавен часот кога ќе почне војната?“

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека претседателот Владимир Путин понекогаш дури и се шегува прашувајќи дали e објавено точното време кога ќе почне војната бидејќи, како што рече, е невозможно да се разбере информациското лудило што се случува.

Песков ова го изјави одговарајќи на новинарско прашање за односот на Путин кон тоа што Западот повремено објавува датуми кога ќе почне руската инвазија на Украина, пренесуваат агенциите.

Портпаролот на Кремљ рече дека Путин понекогаш дури и се шегува кога ги чита извештаите за датумот на наводниот напад на Русија бидејќи таквите информации е невозможно да се третираат со разбирање.

Претходно некои медиуми, повикувајќи се на информирани извори, напишаа дека американскиот претседател Џо Бајден на видеоконференција со лидерите на западните земји, Европската Унија и НАТО го навеле 16 февруари како датум на наводната руска инвазија на Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП