2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКои се најдолговечните модели на автомобили? (ФОТО)

Кои се најдолговечните модели на автомобили? (ФОТО)

Автомобилската индустрија е богата со модели кои оставиле длабока трага во историјата и се продадени во десетици милиони примероци.

Од денешна перспектива, кога производителите на автомобили често одлучуваат да го променат името на моделот, првенствено од маркетиншки причини, изгледа невообичаено возилото да носи иста ознака повеќе од осум децении.

А токму тоа е случај со најстариот модел на оваа листа. Тоа е „Chevrolet Suburban“, чија прва генерација ја виде светлината на денот во далечната 1935-та година и кој континуирано се произведува под истото име цели 86 години.

Втор на листата е еден американски модел, камионетот на „Ford“ од серијата „F“, кој се појави на патиштата во 1947-ма година. Со оглед на тоа дека овој модел се произведува и денес, јасно е дека на пазарот постои повеќе од 74 години.

Преку седум децении, само уште два модели се на патиштата, а еден од нив доаѓа од германскиот автомобилски гигант „Volkswagen“. Сепак, тоа не е познатата „Буба“, како што може да очекувате, туку комбето „Transporter“, или „Тип 2“, само вториот модел што излезе од фабриката во Волфсбург.

„VW Typ 2“ се појави во 1950-та година, а се произведува и денес, се разбира во модерна верзија како 6-та генерација.

Една година подоцна, во 1951-ва година, „Toyota“ го лансираше теренецот „Land Cruiser“, па и тој се приклучи на ексклузивниот клуб „70“.

Што се однесува до споменатиот модел на „VW“, „Буба“, оригиналниот модел е изработен од 1938-ма до 2003-та година, што значи точно 65 години, а бидејќи модерната верзија која се појави во 1997-ма година беше наречена „Нова Буба“, сајтот „alansfactoryoutlet.com“, кој го направи овој список не ги вклучи двете генерации на модерната верзија (1997-2019).

Да ги преброиме, испаѓа дека „Буба“ владее во една од верзиите веќе 81 година.

Меѓу истакнатите модели на автомобили на пазарот повеќе од половина век се: „Chevrolet Corvette“ (68 години; од 1953-та до денес), „Mercedes S Class“ (67 години), „Toyota Crown“ (66 години), „Nissan Skyline“ (64 години), „Mini“ (62 години; исто така не беше вклучена модерна верзија на овој автомобил кога компанијата премина во рацете на „BMW“), „Porsche 911“ (58 години), „Chevrolet Camaro“ и „Toyota Corolla“ (по 55 години), „Jaguar XJ“ (53 години), како и „Suzuki Jimny“ и „Range Rover“ (по 51 година).

Меѓу моделите кои се популарни кај нас, пред се треба да ги споменеме „VW Passat“ (48 години), „Golf“ (47) и „Polo“ (46), но и „Honda Civic“ (49), и неизбежната „Lada Niva“ (44), но и „Fiat Panda“ (41).

Што се однесува до „Land Rover Defender“, кој реално би требало да биде на врвот на листата, сајтот не го ставил таму бидејќи името „Defender“ го доби дури во 1983-та година.

Комплетната листа на најстари и најдолговечни модели можете да ја погледнете подолу на фотографијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП