25 јуни, 2025
ПочетнаКОМПАНИИНисан ги зголемува американските капацитети

Нисан ги зголемува американските капацитети

nisan fab

Компанијата Нисан планира до почетокот на наредната година да ги зголеми своите производни капацитети во северна и јужна Америка на околу две милиони единици, при што покрај новите капацитети во САД, оваа компанија ќе додаде нови фабрики во Мексико и Бразил.

Како реакција на големиот раст на продажбата во регионот и низ обидите за изолирање на компанијата во однос на непостојаноста на глобалните валути, Нисан со голема брзина ги проширува своите производни капацитети во американскиот регион со инвестиција вредна преку 4 милијарди долари.

Компанијата додаде повеќе од 10.000 нови работни места во рамките на американскиот регион, при што е можно во наредниот период да бидат додадени нови работни места. Во тек е изградбата на фабриката во комплексот кој се наоѓа во близина на бразилскиот град Ресенде, кој ќе има годишен капацитет од 200.000 возила кои припаѓаат на „V“ платформата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар