3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Дигиталното евро не е замена за готовина

Лагард: Дигиталното евро не е замена за готовина

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, по повод 20-годишнината на еврото изјави дека валутата е дел од заедничкиот идентитет на европејците и дека најавеното дигитално евро нема да биде замена за банкнотите, туку додаток.

Минатата година, ЕЦБ потврди дека започнува проект за дигитално евро и дека втората најчесто користена валута по американскиот долар ќе биде редизајнирана.

Дигиталното евро ќе биде електронски пари издадени од Евросистемот, односно ЕЦБ и националните централни банки и би било достапно за сите граѓани и бизниси.

„Дигиталното евро нема да ја замени готовината, туку ќе биде додаток на готовината“, рече Лагард.

На првиот ден од воведувањето на еврото, во 2002 година, националните валути беа заменети со европски валути во 12 земји на ЕУ, а денес валутата ја користат повеќе од 340 милиони граѓани на ЕУ во 19 земји.

Воведувањето на еврото во Хрватска се очекува во 2023 година, Бугарија најави дека сака да се приклучи една година по Хрватска.

Романија најави дека ќе започне со подготовки за воведување на еврото, додека Чешка, Полска и Унгарија се двоумат. Во Шведска, на референдум во 2003 година, граѓаните одбија да влезат во еврозоната.

Сите земји-членки на ЕУ, освен Данска, се обврзани да го прифатат еврото, но не се утврдени рокови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП