17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГ7: Русија се соочува со огромни економски последици доколку ја нападне Украина

Г7: Русија се соочува со огромни економски последици доколку ја нападне Украина

Министрите за финансии од Групата седум најразвиени економии на Западот (Г7) денеска ја предупредија Русија дека ќе се соочи со огромни економски последици доколку одлучи да ја нападне Украина.

Во исто време, министрите ветија брза и одлучна поддршка за украинската економија.

„Континуираното акумулирање на руската армија на границата со Украина е причина за сериозна загриженост. Ние, министрите за финансии на Г7, ја нагласуваме нашата подготвеност да дејствуваме брзо и решително со цел да ја поддржиме украинската економија“, се вели во заедничката изјава.

Се додава дека секоја понатамошна воена агресија на Русија против Украина ќе наиде на брз, координиран и силен одговор.

„Подготвени сме колективно да воведеме економски и финансиски санкции кои ќе имаат огромни и директни последици за руската економија“, се заклучува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП