19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Cisco“ даде понуда за купување на „Splunk“?

„Cisco“ даде понуда за купување на „Splunk“?

Производителот на мрежна опрема „Cisco Systems“ понуди да ја купи софтверската компанија „Splunk“ за повеќе од 20 милијарди долари, пишува „Wall Street Journal“, цитирајќи свои извори.

Понудата беше дадена неодамна, а компаниите сѐ уште не се во активни преговори за ова прашање.

Ова можеби е најголемата аквизиција во историјата на „Cisco“. Ако договорот биде склучен, тоа би можело да го засени договорот од 7 милијарди долари за купување на „Scientific Atlanta“ во 2005-та година. Најновата зделка на компанијата од оваа големина беше купувањето на „Acacia Communications“ во вредност од речиси 5 милијарди американски долари во 2021-ва година.

„Splunk“ моментално е во процес на барање на главен извршен директор откако Даг Мерит поднесе оставка во ноември по речиси шест години работа на низа разочарувачки финансиски извештаи. Компанијата го објави претседателот Греам Смит за привремен извршен директор.

Цената на акцијата на „Splunk“ нагло порасна на почетокот на пандемијата, како и многу други технолошки компании со висок потенцијал за раст, но потоа нејзината вредност падна за половина.

Основана во 2003-та година, „Splunk“ создава софтвер што го користат тимовите за безбедност и информатичка технологија во компаниите за следење и анализа на податоци.

„Cisco“ со седиште во Калифорнија е управуван од извршниот директор Чак Робинс и продава рутери, прекинувачи, безбедносни услуги и софтверски производи како што е „Webex“. Веќе има партнерство со „Splunk“ во областа на безбедноста на податоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП