20 април, 2024
ПочетнаКОРОНАСловенија досега платила 68 милиони за вакцини против коронавирус, пропаднале 2,5 отсто

Словенија досега платила 68 милиони за вакцини против коронавирус, пропаднале 2,5 отсто

Словенија досега платила 68,5 милиони евра за вакцини против Ковид-19, а поради истекување на рокот или несоодветно чување пропаднале околу 2,5 отсто или 74.000 дози, соопшти денеска локалното Министерство за здравство.

Министерството за здравство соопшти дека процентот на фрлени дози од вакцината е релативно мал, дека условите за употреба се многу различни и дека се трудат вакцините да се користат навреме во Словенија или некоја друга земја.

Словенија досега донирала вишок дози на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Египет и Зеленортските Острови, а преку меѓународниот механизам за помош Ковакс (COVAX) ќе додели 1,5 милиони дози.

За 14 месеци од почетокот на вакцинацијата во Словенија, до денес се имунизирани 57,7 отсто од вкупното население, а во последните месеци интересот за вакцинација е намален.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП